Историја

Magic Food датира од 1996 година, каде бил под името Casper кој започнал како мала сендвичара во Старата чаршија во Прилеп во период кога приватниот сектор била ретка појава.Подоцна во 2002 година поради потребата од поголем простор бил релоциран и преименуван во Magic Food и официјално започнува со работа на 2 мај 2002 година.
- ова е приказната за Magic food и за потребата од сузбивање на гладот. Во нашето мени ќе најдете вкусна храна, која го задоволува префинетиот вкус на гурманите. Magic Food е најдобра ,но ретка потврда дека и “ храната” може да се развива не само во правец на технолошки прогрес, туку и во зачувување на уникатни и автентични рецепти од кои ги добиваме најдобрите специјалитети.
Утрото започнува со добро топло кафе, денот продолжува со највкусните пици и разновидни специјалитети. Во Magic food ќе ве привлече убавата атмосфера, доброто расположение, вкусната храна, одлична услуга и прифатливите цени. Од вештите раце на пица мајсторите ќе ги вкусите најубавите пици, сендвичи и други специјалитети од богатото мени. Тука се единствениот по вкус печен сендвич, многу видови на пици со магичен вкус, познатиот Бигчикен, магични бургери, палачинки и многу други магично вкусни јадења.
Нашиот приоритет е да го подобриме и прошириме асортиманот и да имаме задоволни гости кои секогаш ќе можат да уживаат во нашите специјалитети и амбиент. Покрај вкусната храна тука има и голем избор на безалкохолни, алкохолни пијалоци и вина со врвен квалитет. Понесете со себе добро расположение и препуштете се на уживањето во нашиот прекрасниот амбиент. Вкусете ја храната од нашето мени и уверете се зошто сме уникатно магични!

Види Мени
logo