Нема ништо подобро во животот отколку задоволството од храна. Едноставна работа која го исполнува срцето со радост и возбуда, eдноставно храната е радост. Во Magic Food вие можите да уживате во автентични и уникатни специјалитети ,подготвени од вешти мајстори со голема љубов, пријатна атмосфера и одлично расположение. Ние заедно се бориме против гладот. Ништо не е подобро од заеднички оброк со вашата фамилија и пријателите, а ние ќе се потрудиме тоа да биде незаборавно искуство. Дојдете и уверете се!
Пица (италијански pizza) е гастрономски специјалитет на италијанската кујна, најчесто направен од тенко, округло тесто на кое покрај сосот од домати можат да се најдат разни видови сирење, кашкавал, месо, зеленчук, овошје, зачини и други состојки во зависност од вкусот. Пицата е едно од најпопуларните јадења во светот.
Бургер е моментално кралот на "брзата храна", брз и лесен за подготовка.Тој претставува плескавица поставена во најчесто округло лепче, некогаш комбинирана со салата, кашкавал, стек, сланина, пршутаи сл. Може да се комбинира со кечап, мајонез, сенф и разни сосови за прекрасен неодолив вкус.
Печениот сендвич претставува лепче обично потпечено со сите состојки во него.Најкарактеристични се печените сендвичи со шунка, кашкавал, печурки, врат, сланина и сл. со нивни комбинации се добиваат одлични вкусови.